Новиот HarmonyOS 2 на компанијата Huawei изгледа е веќе прилично успешен во Кина, бидејќи има повеќе од 10 милиони корисници, односно активни уреди на кои е инсталиран.
За да го одбележи ова достигнување, Huawei одлучи да креира торта со необичен изглед (на фотографијата) со уредите кои го користат овој софтвер.
HarmonyOS е платформа која го обединува екосистемот на Huawei уреди, како и Internet-of-Things. Ажурирањето на HarmonyOS 2 моментно е достапно за Mate 40 серијата, P40 sсеријата, Mate 30 уредите и MatePad Pro во Кина, додека P30 серијата и Honor 30 и V30 ќе добијат затворени бета верзии овој месец и јавна бета во јули.
Останува да се види како компанијата ќе управува со премин на уредите наHarmonyOS надвор од Кина, на глобално ниво. Huawei се надева дека до крајот на годината ќе има 360 милиони уреди кои го користат HarmonyOS, како и дека ќе ангажира 1,2 милиони програмери, кои ќе креираат апликации за платформата.
Поврзани артикли