Компанијата Facebook го развива својот прв паметен часовник кој ќе се појави во 2022 година.
Паметниот часовник ќе има две камери и ќе може да се извади од нараквицата за фотографирање и снимање, а потоа да се сподели преку Instagram и Facebook.
Камерата на предната страна е наменета за видеоповици, додека пак задната камера може да се користи за снимање видеа.
Идејата е да ги мотивираат корисниците да го користат паметниот часовник како и смартфоните, а ова е дел од планот на директорот Марк Закерберг да произведе повеќе уреди за да биде конкуренција на Apple и Google.
Паметниот часовник ќе биде достапен наредната година во бела, црна и златна боја, а ќе чини околу 400 долари.
Извор: Klix.ba