Популарната игра Final Fantasy беше повлечена од продажба бидејќи серверите не можеа да го издржат напливот на популарност и големиот број играчи.

Поради големи проблеми со колапси на серверот Final Fantasy 14: Endwalker е привремено повлечена од продажба, информираа од компанијата.

Бесплатната експанзија, која беше најавена пред една недела, веќе не е достапна за новите играчи, а оние кои успеаја да дојдат до играта исто така ќе мора да бидат трпеливи.

Имено, постоечките играчи добија уште две недели бесплатна игра поради проблемите кои настанаа поради нејзината преголема популарност.

„Се извинуваме за актуелниот метеж, кој започна откако официјално ја објавивме Endwalker. Искрено се извинуваме за непријатностите што може да ги предизвика и бараме ваше разбирање и соработка за да се намали метежот. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата додека размислуваме за продолжување на продажбата“, рече продуцентот и режисер Наоки Јошида.

Извор: B92.net