Иако првите информации говореа дека претстојниот Samsung Galaxy S22 ќе има предна камера под екранот, сега изворите тврдат дека тоа нема да се случи.

Причината за одлуката на Samsung е едноставна, бидејќи компанијата нема време да произведе доволно вакви модели, посебно поради фактот што Galaxy S22 ќе биде исклучително популарен и баран. Покрај тоа, квалитетот на сликата наводно не ги исполнува стандардите на Samsung, а и камерата е благо видлива под дисплејот.

Сето ова не е изненадувачки. ZTE Axon 20 5G стана првиот паметен телефон со камера под екранот, која сепак беше видлива и не даваше импресивен квалитет. Затоа, одлуката на Samsung да почека решение за проблемот пред да ја инсталира новата технологија има смисла, посебно што станува збор за флегшип модел.

Од друга страна, истиот извор тврди дека Samsung Galaxy Z Fold 3 ќе добие ново решение. Со оглед на тоа што се очекува и секундарна селфи камера, споменатата загриженост за квалитетот е помалку значајна. Исто така, се очекува дека овој модел ќе биде значително помалку баран од Galaxy S22 серијата, така што и производството нема да претставува проблем.

Првата усовршена камера под екранот е планирана најрано за втората половина на 2022 година, односно за меделот Galaxy Note.