Дали наскоро вака ќе изгледа тестирањето на Ковид-19? Се појавија првите фотографии од новиот тест за коронавирус кој со нетрпение се очекуваше.

Станува збор за „електричен нос“, којшто настанал со помош на 3D печатач.

„Електричниот нос“ работи така што буквално го „намирисува“ коронавирусот, а тоа го прави за само неколку секунди. Тој работи на принцип преку кој ги издвојува хемикалиите карактеристични за инфицираните луѓе со Ковид, а судејќи по сè, тестирањата на прометните места ќе се вршат токму со помош на овој препарат.

Ваков вид тестирање може да биде корисен и на аеродромите, на граничните премини, во канцелариите, фабриките, во концертните сали и на сите други места кои се слични на нив.

Професорот Наом Собел кој стои зад овој изум вели дека „електричниот нос“ создава единствена матрица за секој поединечен мирис, па така може многу лесно да дојде и до матрицата на мирисот на оние кои се заразени со Ковид-19.

„Секоја болест има свој карактеристичен мирис, поради промените во процесите на метаболизмот“, објаснува Собел.

Тестот функционира така што цевката се става во носната празнина на човекот, а сето тоа трае околу 80 секунди.

Досегашните испитувања покажаа дека тестот може да „улови“ дури и асимптоматски случаи и тоа во 75 отсто од случаите, па научниците се надеваат дека со мало усовршување тестот ќе биде подготвен за широка употреба.

„Прецизноста на овој тест не е значајно послаба во однос на ПЦР тестот, а резултатите пристигнуваат неспоредливо побрзо“, вели творецот на овој нов тест.

Извор: Blic.rs