Американската вселенска агенција (НАСА) објави снимки од ураганот Дориан кој ги погоди Бахамските Острови.

Снимките покажуваат како ураганот се движи во правец на Флорида. Како што претходно беше соопштено, брзината на ветеровите со западен правец изнесува речиси 290 километри на час и претставува рекорд што досега не бил регистриран во тој регион.

Ураганот вчера прерасна на петта категорија, која е најсилно ниво на моќност.

Метеоролозите очекуваат бурата вечерва да ги зафати источните брегови на САД. Распоредени се службите во крајбрежните делови на севрозападна Флорида, Џорџија, Јужна и Северна Каролина.