Соосновачот на популарната апликација WhatsApp, Brian Acton ги повика луѓето да ги избришат своите профили на социјалната мрежа Facebook.

Acton во 2014. година му го продаде WhatsApp на Facebook за 14. милијарди долари, а компанијата ја напушти во 2017. година. Денес е шеф на Signal, непрофитен ривал на WhatsApp, а сега го обвини основачот на Facebook, Марк Цукерберг дека тргува со приватноста на корисниците за да овозможи реклами на својата платформа и да го зголеми својот приход. Action ги повика луѓето да го „одбијат” Facebook и да ги избришат сите негови апликации од смартфоните и другите уреди.

Тој во минатото отворено ги критикуваше компаниите од Силиконската долина како Facebook и Google, поради пристапот мотивиран од профит на сметка на податоците на корисниците.

Ова е втор пат Action нешто да коментира во јавноста. Минатата година, Action напиша на Twitter: „Време е # избришетегоfacebook”, откако социјалната мрежа се заплетка во скандалот со консултантската фирма Cambridge Analytica.

На податоците од 87 милиони корисници им е пристапено без одобрение, а тоа го направи фирмата Cambridge Analytica, поврзана со кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп во 2016. година.

Facebook се соочува и со тужби и регулаторни истраги, кои се однесуваат на приватноста на корисниците, а беа покренати и неколку истраги.