Цените на возилата на Tesla растат поради доцнење во синџирот за снабдување во автомобилската индустрија, особено на суровините, напиша извршниот директор на Tesla, Елон Маск на Twitter.

„Цените растат поради високиот притисок во синџирот за снабдување во целата индустрија, особено на суровините“, напиша Маск како одговор на пораката за несогласувањето со зголемувањето на цените на возилата на Tesla и отстранувањето на одредени карактеристики на моделот Y.

Компанијата Tesla во мај ги зголеми цените на моделот Z и моделот Y. Ова е петто поскапување на автомобилите за само неколку месеци, пренесе интернет страницата „Електрек“.

Маск во април кажа дека Tesla ги доживува „некои од најтешките предизвици во синџирот за снабдување“, наведувајќи го конкретно недостигот од чипови. Тогаш, исто така, кажа дека проблемот главно е решен.

„Електрек“ вчера објави дека новите сопственици на возилата Tesla од моделот Y јавуваат дека нивните електрични возила се испорачуваат без лумбална (долен дел од рбетот) поддршка на совозачкото седиште.