Иако најновите фотографии испратени од Curiosity до матичната планета потсетуваат на разгледници од Земјата, во прашање е нешто далеку поегзотично: облаци од Марс.
Конечната слика е создадена со комбинирање на 21 фотографија, направени за да ги разгледаме одблизу необичните облаци над областа на Гале Кратер. Пред две години, научниците открија дека облаците на Марс се формираат порано отколку што очекуваа, па затоа годинава на Curiosity му беше дадена задача да ги „набудува“.
Првите облаци се појавија во јануари, пругасти и богати со мраз, понекогаш менувајќи ги боите поинаку од нивните роднини на Земјата.
Облаците на Марс се менувале од црвени нијанси во зелена, потоа сина и розова. Овие облаци се наоѓаат во повисоките делови на атмосферата од оние забележани досега. Тие наводно содржат замрзнат јаглерод диоксид или таканаречен „сув мраз“, иако научниците сè уште не успеале да го потврдат тоа. Тие се најубави веднаш по зајдисонцето, кога ледените кристали светат на последното светло.
Извор: B92.net