Бидејќи Токио нема олимписки парк, како многу други градови, а натпреварите ќе се одржуваат ширум метрополата, проверката на идентитетот ќе мора да биде брза и точна. Јапонците ништо не препуштаат на случајноста, па така и за оваа пригода одлучија да развијат систем за проверка на идентитетот со помош на вештачка интелигенција.

Јапонската корпорација Nippon Denki Kabushiki Gaisha или скратено NEC развива систем за препознавање лице, кој по прв пат ќе се користи на Олимписките игри во 2020 година во Токио. Целта на системот е за иентификува повеќе од 300.000 лица, меѓу кои спортисти, волонтери и новинари.

Системот на тестовите на американскиот Институт за стандард и технологија го држи првото место, а се базира на вештачка интелигенција NeoFace и е дел од Bio-ID линијата на NEC, односно софтвер за биометричка идентификација. На следните игри ќе се користи за споредување на слика и акредитациска картичка.

Игрите ќе почнат кон крајот на јули 2020 година, па NEC и организаторите настојуваат да го забрзаат што е можно поивеќе процесот на проверка за да нема чекање на високите температури.

Извор: tportal.hr