Популарната апликација WhatsApp воведе preview опција за гласовните пораки која им овозможува на корисниците да ги преслушаат содржините пред да ги испратат на друг корисник.

Новата опција полека ќе биде достапна за корисниците на WhatsApp, а ќе биде достапна на сите платформи вклучително и на iOS, андроид, веб и десктоп.

Гласовните пораки се прилично популарни на апликацијата. Немаат временско ограничување, а исто како на Facebook Messenger, може да видите кога се примени. Компанијата сега претставува нова опција, а тоа е преслушување пред да ги испратите.

Процедурата е едноставна, го стартувате снимањето со притискање на иконата за микрофон и повлекувате со прстот нагоре. Кога ќе завршите со снимање, притискате stop, а потоа play. Доколку сте задоволни од содржината, кликнете send.

Интересно е што Facebook Messenger и Instagram немаат ваква опција, но тоа не значи дека во иднина нема да добијат.

Како и во случај на други новитети, ќе биде потребно време да почекате неколку дена за да ја ажурирате апликацијата.

Извор: Klix.ba