BlackBerry повторно се враќа на пазарот, а новиот уред се очекува во 2021. година. 

Компанијата OnwardMobility најави пристигнување на смартфон со физичка тастатура и поддршка за 5G мрежа во првата половина на 2021 година. Уредот ќе биде достапен за северноамериканските и за европските пазари.

Ова можеби звучи познато, бидејќи пред неколку години се чинеше дека BlackBerry заминува во историјата. Меѓутоа, тогаш TCL се согласи да произведе два уреда под брендот BlackBerry, но во февруари одлучи дека нема да го продолжи договорот со BlackBerry. Месецов беше засекогаш завршена и продажбата на тие уреди.

Сепак, благодарение на OnwardMobility, брендот BlackBerry добива нова шанса. Директорот на компанијата, Питер Френклин, изјави дека новиот  BlackBerry ќе биде елегантен и сигурен, а планирана е тесна соработка со BlackBerry и компанијата FIH Mobile Limited, која е подружница на групацијата Foxconn Technology.