Geekbench листинг открива резултати за Nokia C20 Plus, кои покажуваат скромни перформанси на телефонот. Секако, ова е очекувано за еден Android 11 Go Edition модел.
Бенчмаркот не го наведува конкретниот чипсет, само укажува на тоа дека го креирал Unisoc. Во прашање е осмојадрен процесор, со четири 1.6GHz јадра и четири 1.2GHz јадра, а резултатите сугерираат дека се работи за истиот чип што го користи и Nokia C20 моделот (Unisoc SC9863A).
Интересно е дека Nokia C20 Plus пристигнува со 1GB RAM повеќе од стандардниот модел и има 3GB, што значи дека би требало да нуди подобри перформанси во текот на мултитаскингот.
Од претходно протечените информации знаеме дека Nokia C20 Plus ќе има две камери и 5000mAh батерија. Се очекува и C30 модел со 6000mAh батерија и сензор за отпечатоци од прсти.