Првите уреди на свежо претставените iPad Pro модели се достапни за преднарачка и во Македонија. Моделот со 10,5-инчен екран со 64 GB чини 45.990 денари, додека 12,9-инчното издание чини 56.990 денари. 

Единствениот Apple Premium Reseller во Македонија, iStyle за преднарачка ги има сите новонајавени модели на iPad Pro – со 64, 256 или 512 GB простор за складирање и со опцијата за поврзување на мобилните мрежи, како и четирите бои на куќиштето (space grey, silver, gold и rose gold). Најскапата верзија на iPad Pro стигнува во 12,9 инчна дијагонала, со 4G LTE поврзливост и 512 GB простор за складирање. Со цена од 75.990 денари, овој модел влегува во сферата на преносните компјутери на Apple.

И додека MacBook Про компјутерите со новата генерација губат на функционалнсот, приклучоци и наизглед се со загубен карактер (Touch Bar), новите iPad Pro модели спарени со мобилната платформа iOS 11 стануваат помоќни, разновидни и општо поевтини за извршување на бројните задачи. Но, дали може навистина да се каже дека се работи за уред кој може да ги замени вообичаените компјутери?

https://www.youtube.com/watch?v=UR5ODc5Wbbo

Тоа наскоро ќе можете да го дознаете во рецензијата што ви ја подготвуваме за 10,5-инчниот модел на најновиот iPad Pro.