Приближно 0,01 проценти од луѓето вакцинирани со двете дози вакцина добиле Ковид-19, ова според најновата американска студија покажува дека вакцината е многу ефикасна.

Во извештајот на Центрите за контрола и превенција на болестите на САД се документирани таканаречените случаи на пробив на вирусот меѓу 101 милион вакцинирани лица со двете дози во САД.

Во истражувањето е опфатен периодот од 1 јануари до 30 април.

Забележано е дека кај 10.262 лица, кои биле вакцинирани со две дози, по две недели се појавиле симптоми на Ковид-19.

Просечната возраст на овие пациенти била 58 години, а мнозинството, дури 63 проценти од случаите, биле жени.

Од вкупниот број заразени, 706 случаи или седум проценти од пациентите биле хоспитализирани, а 132 или еден процент починале поради причини поврзани со коронавирусот. Другите биле со лесни или асимптоматски случаи откриени преку рутинско тестирање.