По прележување на коронавирус и консумирањето на голем број медикаменти, неопходно е природно да го исчистите целиот организам.

Чистењето или детоксикацијата на организмот е задолжителен процес кој мора да го правиме за да го зајакнеме организмот и да ги исфрлиме сите токсини од организмот.

Токму поради тие причини потребно е да го детоксицирате вашиот организам и да ги исчистите белите дробови и црниот дроб со природни препарати и намирници.

Ѓумбир

Богат е со витамини Ц и Б, магнезиум, бакар, манган и други минерали. Благодарение на високата концентрација на гингерол, овој егзотичен зачин придонесува во детоксикацијата на организмот.

Неговите ензими помагаат во отстранување на собраните токсини во црниот дроб. Исто така, докажано е дека ѓумбирот поволно делува на оштетениот црн дроб затоа што ја намалува отпорноста на инсулинот и може да спречи воспаленија. Ѓумбирот ја стимулира циркулацијата во крвта, а со самото тоа придонесува и во детоксикацијата на организмот.

Куркума

Куркумата има моќно антиоксидантско својство, но и антибактериско, антивирусно и антиканцерогено. Куркумата помага во полесно разградување на маснотиите во организмот.

Досегашни студии покажале дека куркумата помага и во отстранување на притисокот од белите дробови кој настанува како резултат на долгогодишно пушење цигари, намалувајќи го ризикот од канцер на белите дробови.

Лук

Благодарение на богатството на алицин и селен, лукот поттикнува произведување на важни ензими за црниот дроб кои придонесуваат во елиминацијата на токсини во организмот. Оваа намирница делува и противвоспалително, па помага при астма, а воедно го намалува ризикот од појава на канцер на бели дробови.

Освен тоа, употребата на лукот го намалува развојот на кардиоваскуларни заболувања, како што се зголемен холестерол, лош холестерол, спречува настанување тромб итн.