Клиничките тестирања на вакцината почнаа на 18. јуни. 

Вакцината против коронавирусот која што ја разви Министерството за одбрана на Русија и Научно-истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, ќе ги штити вакцинираните луѓе најмалку две години, соопштил директорот на Центарот, Александар Гинцбург.

Според зборовите на докторот, вакцината треба да се прима двапати. Истиот ген се внесува во организмот на различни носители, што дава можност вакцинираните луѓе да стекнат имунитет и тоа на подолг временски период, изјавил Гинцбург.

Според неговите зборови, таквиот пристап гарантира дека личноста која што ќе биде вакцинирана ќе биде заштитена од коронавирусот најмалку две години, а можеби и подолг период.

За масовната вакцинација на жителите на Русија ќе бидат потребни околу 70 милиони дози од вакцината против коронавирусот.

Раководството на земјата и здравствените организации ги усвојуваат мерките и целта на покренување на процесот на масовно производство на вакцината.

Притоа, докторот се пожалил дека експертите од другите медицински организации не брзаат да ја споделат технологијата за развој на вакцината, без оглед на тврдењата дека неопходна е транспарентност во целиот тој процес.

Извор: Srbija Danas