Досегашните гласини за претстојниот буџетски iPhone на компанијата Apple, досега укажуваа само на еден модел. Меѓутоа, изгледа дека би можел да постои и поголем уред.

Сајтот 9to5Mac дојде до информации, кои се откриени во iOS 14 кодот, дека постои поголема верзија на iPhone, за кој претходните извештаи споменуваа дека ќе пристигне со 4,7-инчен екран. Се верува дека телефонот ќе претставува модернинизирана верзија на iPhone 8 Plus моделот, со 5,5-инчен екран, Touch ID поддршка, побрз A13 чипсет, Express Transit и Apple Pay поддршка.

Се очекува двата претстојни поевтини iPhone модели да ја заменат iPhone 8 серијата. Новите модели ќе им бидат попривлечни на купувачите со нешто понизок буџет, како и оние кои не се подготвени на преминат на модерниот iPhone дизајн и Face ID поддршка.

Истиот код, кој е откриен во iOS 14 софтверот, укажува и на ажурирани iPad Pro модели. Се укажува на можна Wi-Fi и мобилна ревизија на сегашните 11-инчни и 12-инчни таблет уреди.