Компанијата за развој на најнапредниот софтвер, хардвер и решенија за лансирање апликации за вештачка интелигенција, SambaNova Systems од Пало Алта во Калифорнија и OTP Group, водечка банкарска групација во Централна и Источна Европа, објавија стратешко партнерство за изградба на најбрзиот суперкомпјутер со вештачка интелигенција во Европа.

Се наведува дека за најнапредниот јазичен модел во светот во една комерцијална банка, заедно ќе се применува мултирамковен систем на вештачка интелигенција изграден на решението на компанијата SambaNova Dataflow-as-a-Service GPT.

Во соработка со унгарското Министерство за иновации и технологија, системот ќе биде достапен како национален ресурс за вештачка интелигенција, и за јавниот и приватниот сектор и за високото образование.

Петер Чањи, заменик генерален директор и директор за дигитален сектор на OTP Group, истакна дека ова е единствена соработка помеѓу OTP Group, Министерството за иновации и технологија и SambaNova Systems, која има за цел да обезбеди еден неверојатен ресурс за земјата и за регионот на Централна и Источна Европа.

Преку ова партнерство, OTP Group презема водечка улога во Европа во истражувањето и развојот на вештачката интелигенција, според OTP Group, додавајќи дека 17 милиони клиенти на OTP Bank ќе искусат побрзи, персонализирани финансиски услуги базирани на вештачка интелигенција со суперкомпјутер кој може да обработува големи количини текстуални информации и податоци.

Иновацијата ќе има позитивно влијание и врз вработените во OTP Group низ Европа.

Ласло Палковиќ, министер за иновации и технологија во Унгарија, истакна дека OTP GRoup има импресивен план за лидерство во индустријата, а тоа е вештачката интелигенција да стане клучен технолошки двигател во следната деценија.

„Со поддршка на Министерството, околината за вештачка интелигенција што ја создаваме ќе обезбеди пристапна, најсовремена инфраструктура за универзитетите, истражувачките центри, јавните и приватните организации низ Унгарија“, рече тој.

Решението SambaNova Systems прво ќе се имплементира на унгарски, а потоа ќе следат уникатни модели на јазиците на другите земји од OTP Group.

Со оваа имплементација, банката ќе ги трансформира сите делови од својот бизнис со помош на вештачката интелигенција и решенијата SambaNova GPT, од front office, па сѐ до back office, се вели во соопштението.

Со-основачот и извршен директор на SambaNova Systems, Родриго Лианг, изјави дека големите јазични модели брзо стануваат примарен интерфејс на банката и вештачката интелигенција ќе започне трансформација на индустриите.

„Оваа имплементација во OTP Group ќе покаже што овозможува напредната вештачка интелигенција во индустриите кои користат голем број документи во својот бизнис, како што се банкарските и финансиските услуги“, нагласи тој.

Имплементацијата е технички подвиг, бидејќи, како што се наведува, доколку проектот се изработи и реализираше во рамките на банката, ќе беа изгубени неколку години, но и обемни човечки ресурси.

„Заедно со SambaNova, OTP Group може да имплементира за неколку дена или недели. Откако ќе се примени, овој суперкомпјутер со вештачка интелигенција ќе и овозможи на OTP Bank да напредува и дополнително да навлезе на глобалниот финансиски пазар“, велат од OTP Group.

Со интегриран целосен систем, вклучувајќи ги најдобрите модели, софтвер и хардвер за вештачка интелигенција, SambaNova ги обезбедува најсеопфатните, достапните и највлијателните апликации за вештачка интелигенција во светот, се вели во соопштението.

SambaNova Systems е компанија за иновации за вештачка интелигенција која им овозможува на организациите самоуверено да ги имплементираат најдобрите решенија за компјутерска визија, обработка на природен јазик, препораки и вештачка интелигенција за науката.

OTP Group е водечка финансиска групација во регионот на Централна и Источна Европа со исклучителни резултати на раст, исклучителна профитабилност и солидна позиција на капитал и ликвидност.

Банкарската групација обезбедува универзални финансиски услуги за 17 милиони клиенти со 40.000 вработени во 11 земји, нуди најсовремени дигитални решенија и мрежа од повеќе од 1.700 филијали.

Идните операции и развојни напори на  OTP Group се фокусирани на одржливоста на животната средина, општеството и менаџментот со цел да ја зајакне својата позиција како најдобар работодавач во регионот на Централна и Источна Европа, се вели во соопштението на OTP Group.

Банкарската групација котира на Будимпештанската берза од 1995 година.

Извор: B92.net