Realme минатиот месец го претстави Watch 2 паметниот часовник, а сега пристигнува моделот Realme Watch 2 Pro. Новиот часовник е сличен на стандардниот модел, но има поголем екран (1,75-инчи) и резолуција од 385 x 320p. Тука е и освежувањето на дисплејот од 30Hz, како и максимално осветлување од 600 нита.
Realme Watch 2 Pro поддржува преку 100 позадини, вклучувајќи и нови опции во живо. На полето на батеријата, часовникот користи 390mAh ќелија, која нуди автономија од 14 дена за репродукција на содржини.
Додека Realme Watch 2 се потпира на поврзаниот телефон за следење, Watch 2 Pro има вграден GPS со двоен-сателит. Останатите функции се исти за двата модели и вклучуваат следење на спиењето, работа на срцето, нивото на кислород во крвта и други функции. Realme ветува и до 90 спортски режими преку идните надградби.
Watch 2 Pro има контроли за музика и камера, можност за пронаоѓање на телефонот, приказ на прогноза на времето, IoT контрола и IP68 отпорност на вода и прашина. Тука се и известувањата за апликации и дојдовни повици, но паметниот часовник нема микрофон и звучник, па не нуди опција за разговор.
Realme Watch 2 Pro пристигнува во Space Grey и Metallic Silver бои, по цена од околу 70 долари.