Осум години по гаснењето на Google reader, Google повторно планира да го популаризира RSS. Компанијата го тестира Follow копчето за Chrome, кое на корисниците ќе им овозможи да ги следат своите најпопуларни сајтови во рамкките на веб-прелистувачот.

Во текот на следните недели, корисниците на Chrome Canary каналот за програмери ќе почнат да ја гледаат новата функција на Android. Follow feed е заснован на RSS, а во твитот од компанијата се сугерира дека се креира за да ги задоволи потребите на корисниците.

Во овој момент, Follow копчето е во експериментална фаза и примарно се заснова на RSS за да извлекува содржини од сајтовите, но може да добива дополнителна содржина преку crawler.

Google им препорачува на сајтовите да го одржуваат своите RSS фидови, за Chrome да може да ги добива најновите содржини. Покрај тоа, се бараат и повратни информации од огласувачите, блогерите и креаторите на содржини.