Глечер речиси четири пати поголем од Њујорк, се одвои од Антарктикот и на тој начин стана најголемиот леден брег на светот, соопштиле од Европската вселенска агенција.
Според наводите на експертите, станува збор за брег од 4320 квадратни километри, кој е долг околу 175 километри, а широк околу 25 километри.
Новоформираниот брег кој е наречен А-76, бил забележан неодамна на сателитските снимки кои ја снимил Мисијата на Коперник Сентинел-3.
Вкупната површина на копното и водата во Њујорк изнесува 1213 квадратни километри, додека шпанскиот остров Мајорка на Медитеранот завзема површина од 3640 квадратни километри.
Relive the birth of the #A76 iceberg with this stunning animation!
The animation was created using four @CopernicusEU #Sentinel1 images and shows the giant slab of ice breaking off from the Ronne Ice Shelf on 13 May 2021.
A-76 is currently the biggest iceberg in the world? pic.twitter.com/h97PbYdo0y
— ESA EarthObservation (@ESA_EO) May 20, 2021
Огромната површина на брегот А-76 се одделила од делот на Антарктикот познат како Рона и се рангира меѓу моментално најголемите санти мраз на планетата.
Исто така го надмина познатиот А-23А со површина од 3.380 квадратни километри. Брегот плови низ морето Ведел.
Уште еден голем брег кој му се заканува на острвоот кој му се заканувал на остров населен со пингвини, на крајниот југ на Јужна Америка, изгубил многу од својата површина и се скршил на неколку дела, изјавија научниците претходно оваа година.
A giant slab of ice has broken off from the frozen edge of Antarctica, becoming the largest iceberg afloat in the world. The newly calved berg is designated A-76 by scientists https://t.co/90mV5yGbCv pic.twitter.com/zKnEIAhdvK
— Reuters (@Reuters) May 21, 2021
А-76 првпат го откри британска експедиција, а американскиот Национален леден центар со седуште во Мериленд, го потврди неговото постоење со помош на снимките на Мисијата на Коперник Сентинел-3.
Ледената плоча Рона се наоѓа на страната на Антарктичкиот полуостров и е една од најголемите, од неколку огромни лебдечки ледени плочи кои се поврзани со копното и се протегаат на околните мориња.
Периодичното одвојување на големите делови на тие ледени плочи, е дел од природниот циклус, тврдат научниците. Но, некои ледени плочи кои се дел од полуостровот на Антарктикот, претрпеле големи одвојувања, а научниците веруваат дека ваквите феномени се поврзани со глобалното затоплување.