Се очекува дека Apple оваа година ќе ја прошири употребата на Mini-LED екранот од новиот 12,9-инчен iPad Pro на новите MacBook Pro модели. И додека новите лаптопи би требало да пристигнат по распоред, на почетокот ќе бидат достапни само во ограничени количини.
Според извештајот на Digitimes, понудата на Mini-LED дисплеи за претстојните MacBook лаптопи ќе биде ограничена поради актуелната пандемија на Ковид-19, која ги погоди фабриките на Foxconn и Wistron во Индија, а веќе влијае на понудата на Mini-LED панели за 12,9-инчниот iPad Pro.
Сепак, се очекува дека Apple ќе продолжи со планираната најава на новите MacBook Pro модели во ограничени количини и ќе постигне целосно масовно производство во четвртиот квартал на 2021. година или дури и првиот квартал од следната година.