Отворен повик до сите ИТ компании за приклучување во проектот за 2022 година.

 Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2022’ оваа година има нова активност која ќе ги обедини сите вработени во Tech индустријата. На 25 Септември организираме МАРАТОН во кој вработените од IT компаниите ќе можат да се приклучат со велосипед и со трчање на патека долга 10 километри.

Учесниците во МАРАТОНОТ ќе имаат можност на целта да стигнат во СОС Детско село каде што ќе имаат можност да се запознаат со децата поддржани од СОС Детско село и да ја почувствуваат каузата за која ќе спортуваат.

Периодот на хуманитарната акција IT4Charity Marathon 2022 започнува на 25 Maj и ќе трае до 25 Септември ден и кога ќе се реалира Маратонот со старт во парк и финиш во СОС Детско село.

Во моментот се приклучени 7 ИТ компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside,  Cognism, CapCargo и Challenger, на кои сме неизмерно горди и ги очекуваме сите останати да ни приклучат.

Сите заинтересирани компании за приклучување во проектот можат да не исконтактираат на: [email protected]

 

Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за

  • обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село
  • за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство
  • за осамостојување на младите во социјален ризик.