Lord of the Rings: Gollum е една од најлошо оценетите игри во годината (според многумина и најлоша), а проблемите со неа продолжуваат да се трупаат.

Германскиот медиум Game Two се обиде да добие информации за тоа што тргнало наопаку, а во едно интервју луѓе кои претходно работеле за креаторот на оваа игра, Daedalic, им кажале дека извинувањето за лошиот резултат го напишала вештачката интелигенција.

Целите се поставени високо кога станува збор за LOTR: Gollum, но излегува дека Daedalic загризал повеќе отколку што може да голтне.

Различни проблеми ја погодија видео играта од самиот почеток – од тоа што немаше комуникација меѓу тимовите кои работеа на развојот, поради недоволно големиот буџет, па сè до недостигот на работна сила.

По многу лошата реакција на јавноста, од компанијуата Nacon, која во меѓувреме го купи Daedalic, издаде соопштение во кое се извини, но два анонимни извори велат дека извинувањето всушност го напишал ChatGPT, а не вистински луѓе.