Врз основа на инсајдерски информации, до кои стигна производителот на заштитни маски Olixar, претстојните Huawei P30 и P30 Pro смартфони ќе го задржат трендот со засек во дисплејот. Сепак, notch-от пристигнува во поелегантна форма, во облик на капка.

Покрај ова, не претставува изненадување што P30 Pro рендерите покажуваат телефон со четири камери на задната страна. Останува да се види колку овие сензори на камерата ќе бидат добро имплементирани или дали според квалитетот ќе го надминат она што го нудат четирите камери на Samsung Galaxy A9 (2018) моделот.

Olixar и MobileFun, кои ни ги донесуваат најновите рендери, немаат информации за спецификациите на двата претстојни премиум телефони. Меѓутоа, Huawei P30 Pro би можел да има голем LED блиц позициониран покрај четирите камери на задниот дел, како и нормален блиц покрај трите камери на регуларниот Huawei P30 телефон.