Првите iPhone уреди што користат 5G модеми на Apple би требало да се појават во 2023. година.
Apple го купи 5G системот на Intel во 2019 година, а се проценува дека во 2023 година ќе се појави првиот паметен телефон што ќе го користи тој систем. Компанијата дотогаш ќе продолжи да се потпира на Qualcomm и неговата испорака на модеми, за најмалку уште неколку генерации на iPhone.
Во извештајот на аналитичарот Минг-Чи Куо се предвидува дека iPhone ќе го усвои сопствениот дизајн на 5G чипови најрано до 2023. година. Бидејќи продажбата на Android на светкиот пазар на 5G телефони е бавна, Qualcomm ќе биде присилен да се натпреварува за повеќе нарачки, за да го надомести губитокот на нарачките на Apple. Со оглед на предизвиците кои Apple и Intel ги имаа, имплементирајќи го 5G модемот, не е изненадувачки што на Apple му е потребно одредено време да развие сопствени чипови.
Apple моментно го користи Snapdragon X55 модемот на Qualcomm во сегашните iPhone 12 модели, а се очекува дека ќе ги користи моделите X60 и X65 во следните серии во 2021 и 2022 година. Еднаш кога компанијата ќе се префрли на сопствени модеми, постои претпоставка дека Apple ќе ги намали ограничувањата во снабдувањето, а со тоа и цените на 5G модемот, правејќи ја технологијата изводлива и за паметните телефони од понизок ранг.
Поврзани артикли