Тајванската компанија HTC го претстави Vive Pro 2, надградба на својот врвен уред за виртуелна реалност, која додава мноштво мали, но вредни подобрувања.
Најголемата промена е новиот екран кој сега нуди 5K резолуција (2448 × 2448 пиксели по око), брзина на освежување од 120Hz и видно поле од 120 степени. Тоа е пристоен исчекор во однос на оригиналниот Vive Pro, објавен во 2018. година, кој имаше резолуција 2880 x 1600, брзина на освежување од 90Hz и видно поле од 110 степени. Новиот Vive Pro 2 поддржува Display Stream Compression (DSC), прв во VR уред. DSC е визуелен стандард без губитоци, кој најчесто се гледа на врвните монитори.
HTC Vive Pro 2 revealed: the most powerful VR headset yet? | TechRadar https://t.co/QfdPuvoGIm
— TechRadar (@techradar) May 11, 2021
Ако погледнеме од страна, Vive Pro 2 има вообичаени ергономски карактеристики, вклучувајќи прилагодливи ремени, брзи прилагодливи тркалца за подесување на големината и прилагодлива фокусна далечина. Уредот има интегрирани слушалки со Hi-Res Audio сертификат со 3D просторен звук, а VR уредот на компанијата HTC работи и со независни слушалки. Новиот Vive Pro 2 ќе работи со Vive SteamVR дополнителна опрема, вклучувајќи Vive tracker, новиот Vive Facial Tracker и било кој SteamVR контролер и друга дополнителна опрема.
Во поглед на дизајнот, новиот Vive Pro 2 изгледа малку поелегантно и покомпактно од својот претходник, иако се уште не е објавена тежината или димензиите на новиот VR уред.