„Вакцината против коронавирусот на кинескиот производител ‘Синовак бионтек’ ефикасно спречува смрт во 98 проценти од случаите и спречува хоспитализација во 96 проценти“, изјави денеска официјален претставник на Министерството за здравство на Индонезија.

Тоа беше утврдено со анализа на индонезиски научници, пренесува „Ројтерс“.

Прелиминарната студија е направена врз основа на податоците за здравствената заштита на работниците во Џакарта, кои ја примиле вакцината „коронавак“ во периодот од јануари до март оваа година.

Извор: Макфакс