Парлер е социјалната мрежа која што се смета за бастион за слобода на говорот, но трпи некакви проблеми поради преоптеретување со големиот број на нови корисници кои што масовно преминуваат на оваа платформа револтирани со цензурирањето кое што го прави Твитер.

„Парлер експлодираше. Се приклучуваат илјадници корисници во минута и паралелно решаваат технички проблеми поради преоптеретувањата“, изјавл радио водителот и поголем партнер на Parlar, Дан Бонџино.

Тој ги негирал гласините дека платформата е продадена. Наглиот пораст на бројот на нови корисници направил Парлер денеска да биде најпреземаната апликација во Америка на „Google Play“, престигнувајќи ги и ТикТок, Инстаграм и Твитер.

Пред месец јуни Parlar во просек имал околу 2.000 преземања. Неговата база на корисници од тој месец се зголемила за 1.5 милиони, откако Твитер започна да воведува драстични мерки за обележување и бришење објави.