Се појавија првите информации за излегувањето на следната генерација на MacBook Air ултрапреносниот компјутер на Apple, а големо изненадување претставува фактот дека ќе бидат достапни во повеќе нијанси на бои кои се карактеристични за iMac линијата компјутери.
Новата верзија на популарниот преносен компјутер на Apple ќе добие благо редизајнирана тастатура, шасија и тенки бели рамки околу екранот. Најавено е дека овој компјутер ќе го користи Apple M2 процесорот, кој се очекува со нетрпение, со оглед на пофалбите што ги доби Apple M1 превенецот
Новиот MacBook Air ќе пристигне на пазарот најрано кон крајот на оваа година.