Xiaomi во октомври ги претстави своите Mi Air 2 Pro, а овие true wireless слушалки веќе го добиваат својот наследник. Компанијата на својот Weibo профил постави тизер кој ја открива новата кутија за полнење со новото Xiaomi лого на шарката. Сликата го открива и датумот на претставување – четврток, 13. мај. Во меѓувреме протече и наводна фотографија од самите слушалки, кои изгледа ќе имаат силиконски чепови.

Xiaomi најави дека претстојните слишалки ќе бидат флегшип модел во понудата на компанијата на слушалки со редукција на бучавата, иако без објаснување дали е во прашање активно отстранување, нешто што досега се уште не сме го виделе од Xiaomi. Во секој случај, пасивната изолација која ја пружаат силиконските чипови секако ќе помогне.

Дизајнот на кутијата за полнење е инспириран од новото заоблено лого на Xiaomi, на кое сите агли се толку заоблени, што практично се и незабележителни. Се надеваме дека кутијата ќе ја задржи можноста за безжично полнење, како и капацитетот на батеријата од 500 mAh, кој го красеше и Mi Air 2 Pro.