Апликацијата WhatsApp немаше идеален почеток на 2021. година, но бројот на корисници сепак расте.
На самиот почеток на годината, апликацијата на Facebook налути стотици илјади корисници известувајќи ги за планираните измени на правилата за употреба. Незадоволството растеше, а реагираа и некои познати личности и почнаа да се интересираат за конкурентите како Signal и Telegram. Дури и владата во Индија изрази загриженост, а WhatsApp потоа во неколку наврати ја разјасни ситуацијата и во неколку наврати ги уверуваше корисниците, а го одложи и рокот за примена на планираните измени на правилата за три месеци. Сега важечкиот рок е многу блиску, а тоа е 15 мај.
Сепак, повеќето информирани корисници на WhatsApp веќе го прифатија ажурирањето, барем според портпаролот на WhatsApp за TechCrunch, но не е познато колку корисници биле известени за планираното ажурирање. Исто така, бројот на корисници на WhatsApp продолжува да расте, но прецизни бројки не се објавени.
WhatsApp на 31. март оваа гоидна имаше 3,45 милијарди активни корисници месечно, што е пораст во однос на 31 декември 2020 година, кога имаше 3,3 милијарди, како и на 30 септември 2020 година, кога го користеа 3,21 милијарди корисници.
Корисниците кои не ги прифаќаат новите правила нема да го изгубат пристапот до своите сметки на 15 мај, но во неделите што следуваат ќе изгубат неколку клучни функции.
Од 2016 година, според правилата за користење, WhatsApp има право да споделува информации за броевите на корисниците и нивните уреди со Facebook. Новите правила им овозможуваат на WhatsApp и Facebook да ги делат податоците за плаќање и трансакциите.