Компанијата Microsoft се подготвува конечно да ги освежи своите икони, кои потекнуваат уште од ерата на Windows 95 оперативниот систем.
Софтверскиот гигант полека ги унапредуваше иконите кои ги користи за Windows 10, а тоа е дел од „визуелното подмладување“ планирано за оваа година. Низа нови системски икони видовме во март, а меѓу нив беа иконите на File Explorer, фолдерите, Recycle Bin, икони на дисковите и слично. Microsoft сега планира да ги освежи иконите од ерата на Windows 95, кои исто така се дел од Windows 10.
Дел од фајлот shell32.dd во Windows 10 се новите дискови за меморија, floppy и networking и се наоѓаат во хибернациски мод. DLL е клучен дел на Windows Shall, кој ги прикажува иконите во различните прозорци на оперативниот систем.
Сите промени се дел од големото освежување на дизајнот со кодно име Sun Valley. Визуелните промени доаѓаат со Windows 10 21H2 надградбата која се очекува во октомври.
Поврзани артикли