Ако на Земјата можете да скокнете половина метар во воздух, колку би можеле да скокнете на Марс? 

Колку се различни планетите во Сончевиот Систем, говори и фактот дека досега животот бил пронајден само на една. И додека некои планети се премногу блиску до Сонцето за удобен живот според стандардите на Земјата, други се премногу студени поради нивната оддалеченост.

Интересно видео кое прво беше објавено на Reddit, а потоа и на Twitter, покажува колку се различни атмосферите и гравитациите на одделни планети.

Забавно е да се погледне колку просечен човек, кој може да скокне половина метар во воздухот на Земјата, всушност може да скокне на другите планети.

Видеото предизвика прилично голем интерес кај интернет-корисниците, а тие успеаја да најдат грешка затоа што не е познато колкав е атмосферскиот притисок врз одделни планети (што може да влијае врз тоа колку некој може да скокне).

Исто така, имаше дебата за тоа дали Месечината (која не е планета) и Плутон (која е деградирана од планета во џуџеста планета) треба да бидат вклучени во видеото.

Извор: Zimo.hr