Веќе подолго време се зборува дека работи на флексибилен iPhone. Според гласините, овој iPhone уред би можел да се испорачува со екран на преклоп. Познатиот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо сега откри дека компанијата ќе објави флексибилен iPhone во 2023. година. Ваквиот уред ќе има 8-инчен QHD+ флексибилен OLED екран. Извештајот на MacRumors, повикувајќи се на белешката за инвеститорите на Куо, наведува дека Samsung Display ќе биде официјален снабдувач на дисплејот. Се очекува дека Apple ќе испорача 15-20 милиони примероци на преклопниот iPhone уред во 2023. година.
Се очекува дека преклопниот iPhone модел ќе го усвои решението на TPK за сребрен nanowirе сензор за допир. Куо верува дека тоа ќе создаде „долгорочна конкурентска предност“ за Apple, бидејќи технологијата на препознавање ќе биде потребна во флексибилните уреди кои поддржуваат повеќе од еден преклоп. Се истакнува дека ова решение е посупериорно од Samsung Display Y-Octa технологијата.
Претходно оваа година, Apple поднесе барање за склоплив дизајн на паметните телефони. Патентот откри дека Apple работи на преклопен смартфон со флексибилен екран, слично како Huawei Mate Xs.
Под стаклениот панел, Apple најверојатно има намера да користи сензори на допир за примена на различните функции. Тоа може да вклучува контрола на јачината на звукот осетлива на допир и навигација на интерфејсот, а можеби дури и враќање на Touch ID со вграден биометриски сензор.