Неодамна на интернет почнаа да кружат информации за можните спецификации и датумот на претставување на Samsung Galaxy S10 серијата на паметни телефони.

Според пишувањето на медиумите, Galaxy S10 би можел да биде претставен на 20. февруари следната година, а најпрвин ќе се најде на пазарот во Велика Британија. Меутоа, некои медиуми наведуваат дека смартфонот би можел да се најде и во САД во исто време со Британија. Важно е да се истакне дека ова се уште се неофицијални податоци и дека треба да бидат земени со внимателност.

Galaxy S10 наводно ќе биде претставен непосредно пред почетокот на Mobile World Congress 2019. година. Обично Samsung ги лансира своите уреди од S-серијата на претходно наведениот настан, но анонимен извор тврди дека компанијата би можела да одржи сопствена презентација на 20. февруари, само неколку дена пред почетокот на Мобилниот конгрес во Барселона.

По промоцијата, уредите наводно ќе бидат лансирани на пазарот на 8. март, 2019. Како што јавноста и претпоставуваше, во продажба би требало да се најдат три варијанти од наведениот модел, пренесува Android Authority.

Samsung Galaxy S10 ќе има закривен дисплеј со големина од 6,1-инчи, 128 или 512 GB интерна меморијаа, а распонот на цени ќе се движи од 1009 до 1262 долари.

Од друга страна, Galaxy S10 Plus ќе има поголем екран од 6,4-инчи, а интерната меморија ќе се движи од 128 GB, преку 512, па се до 1 TB. Цените на оваа верзија ќе се движат од 1136 до 1767 долари.

Најевтината варијанта на оваа серија ќе биде Galaxy S10 Lite, која на пазарот ќе се најде во големина од 5,8-инчи, со 128 GB простор за складирање и ќе чини “само” 845 долари.