Samsung се подготвува да претстави достапен Windows 10 лаптоп со ARM процесор. Samsung Galaxy Book Go користи 8nm Qualcomm Snapdragon 7c чип и ARM верзија на Windows 10.
Во прашање е лаптоп без вентилатори, со 14-инчен 1920 x 1080p IPS LCD екран, вградена LTE поддршка, 4GB RAM и 128GB SSD. Екранот не е осетлив на допир, а куќиштето е стандардно за цената на лаптопот да остане ниска.
Samsung се потруди Galaxy Book Go да има Mil-810G стандард на издржливост, што значи дека може да издржи пад од 1,2 метра и отпорен е на прашина. Тежината на уредот изнесува 1,39 кг, а присутни се два USB-C порта, еден USB-A порт, приклучок за слушалки, microSD слот и SIM слот.
Процесорите засновани на ARM се вообичаено штедливи, што во тандем со 42.3Wh батеријата би требало да обезбеди долга автономија со едно полнење.
Samsung Galaxy Book Go се уште не е достапен и нема официјални информации од Samsung. Листинг од Германија сугерира цена од 449 евра.
Поврзани артикли