Веројатно не делат уште неколку месеци од дебито на наследникот на Galaxy S20 FE, но полека се додава масло на оганот. Оваа недела е забележано дека мексиканскиот сајт на Samsung директно го наведува Galaxy S21 FE моделот.

Воочен од GalaxyClub, веб локацијата Samsung.com во Мексико неодамна на pop-up банер накратко го прикажа името „Galaxy S21 FE“. Немаше листинг, ниту било какви карактеристични фотографии, само името под фотографијата на стандардните Galaxy S21 и Galaxy S21 Ultra уреди.

„Conoce mas sobre Galaxy S21 FE“ преведено во „Дознајте повеќе за Galaxy S21 FE“, имаше линк кој директно водеше до страницата за споредба со остатокот од Galaxy S21 серијата.

Секако, Samsung прилично брзо го отстрани ова споменување на се уште необјавениот смартфон од својата веб-страница.