Прототип на кинескиот робот кој има функција за чистење на вселенскиот отпад лансиран е во ниската орбита на Земјата.

Роботот е еден од најновите обиди на Кина да се приближи до Русија и САД, односно да стане поголема сила во вселената.

Роботот наречен NEO-01 поседува голема мрежа со која ќе може да го собира вселенскиот отпад, а неговата втора функција ќе биде да ги набљудува помалите небески тела и да напрваи први чекори кон рударење на астероиди.

Го разви компанијата Origin Space од Шенжен, а тежок е околу 30 кг.

Првата компанија за рударење на астероиди е однована во 2009 година и наречена е „Планетари рисорсис“, а по неа се појавија уште неколку компании кои сакаат да се занимаваат со чистење на вселенски отпад. Меѓу нив и јапонскиот „Астроскејл“ и американскиот „3D Systems“.

Технологијата на „Астроскејл“ подразбира магнети за собирање вселенски отпад во ниската орбита на Земјата, но NEO-01 ќе користи мрежа во која ќе го фаќа отпадот и потоа ќе го согорува со помош на својот систем на електричен погон.

Од педесеттите години на минатиот век во ниската орбита на Земјата лансирани се илјадници сателити, а како што стареат стануваат нефункционални, па многу од нив стануваат опасен отпад кој може да ги уништи другите сателити или објекти со посада.

Origin Space сака да лансира десетици вселенски телескопи и летала за да почне со првата комерцијална операција за рударење астетроиди до 2045 година.

„Астроскејл“ е лансиран минатито месец од Казахстан со намера да ја демонстрира својата можност за фаќање милиони парчиња вселенски и друг орбитален отпад во ниската орбита на Земјата. Во моментот има околу 9.000 тони вселенски отпад кој се заканува дека ќе ги оштети или прекине сервисите кои се потребни на Земјата секојдневно, меѓу кои и телекомуникациските и GPS системите, како и оние за временска прогноза.