Vivo V21 триото можеби ја има најдобрата селфи камера што сме ја виделе во последните години, можеби освен телефоните што можат да ја користат главната камера. Но, ова е средна класа – всушност, три уреди од средната класа. Vivo ги претстави V21, V21 5G и V21e моделите. Првите два во основа се идентични, освен мрежната врска, a V21e моделот има Snapdragon чипсет и некои дополнителни разлики.

V21 и V21 5G ја делат предната камера од 44MP. Селфи камерата поседува OIS, а располага и со EIS за дополнителната мазност на рачните видео записи, кои можат да се снимаат во 4K резолуција.

Предната камера е сместена во засек, а има и две LED диоди вградени во дел за помош во темнина, плус режимот за ноќен портрет со вештачка интелигенција. Оваа камера има и автофокус – нешто што го немаат многу флегшип модели.

Vivo V21e има и 44MP селфи камера со автофокус, но без оптичка стабилизација на системот (има електронска стабилизација). Недостасува и двоен LED блиц, но затоа ги има режимите за Ноќен портрет и Супер ноќно селфи.

Сите три V21 моделите се импресивно тенки, а еден од нив е најтенкиот 5G телефонот досега. Различните бои имаат и различни завршни облоги на задната страна и се со малку различна дебелина и тежина.

Од предната страна е 6,44-инчен AMOLED екран со брзина на освежување од 90Hz. Панелот има 1080p+ (20:9) резолуција и направен е од постар E3 емисион материјал од Samsung. V21 и V21 5G поддржуваат HDR10+, V21e моделот е на HDR10, со малку попригушен дисплеј со типична осветлоеност од 430 нита, во споредба со 500 нита за другите два модела.

Vivo V21 i V21 5G ги напојува истиот чипсет, Dimensity 800U, 7nm čip со два Cortex-A76 јадра (2.4GHz) плус шест A55 jezgara (2.0GHz) и Mali-G57 MC3 графика. На 5G моделот ќе се испорачаат (теоретски) максимални брзини на преземање до 2,3 Gbps, а 4G моделот е секако побавен.