Претстојната Galaxy S20 линија паметни телефони е предмет на голем број вести, власини и протечени информации во последно време, а најновите детали ни пристигнуваат од Geekbench листингот каде што е забележан Galaxy S20 5G.

Ова е најмалиот трите S20 модели, колку штио се очекува да претстави Samsung, а се верува дека ќе има 6,2-инчен екран,
4000mAh батерија и Snapdragon 865/Exynos 9830 чипсет.

Листингот на уреди го открива бројот на модел SM-G981U, кој го покренува Snapdragon 865 SoC во комбинација со 12GB RAM. Се очекува дека ова ќе биде основната мемориска конфигурација на сите S20 модели.

Остатокот од спецификациите на Galaxy S20 моделите и натаму е во доменот на гласини, но се очекува систем со три камери (12MP главна + 64MP телефото + 12MP ултраширока).

Samsung Galaxy S20 линијата смартфони ќе биде претставена на 11. февруари во Сан Франциско, а во текот на Unpacked настанот се очекува и објава на Galaxy Z Flip флексибилниот модел.