Kaman Air Vehicles, оддел на корпорацијата Kaman Aerospace го изврши првиот лет на беспилотниот хеликоптер кој е наменет за комерцијалниот пазар.

Kaman е познат по беспилотниот воен товарен K-Max хеликоптер кој се користи за транспорт на опрема за американските сили во Авганистан речиси десет години, а сега оваа компанија ја претстави комерцијалната верзија.

„Фокусиран на сигурната и оперативна ефикасност, K-Max Titan систем ќе го редифинира пазарот на хеликоптери, така што ќе ја зголеми можноста на идните мисии на било која локација и во сите временски услови“, се наведува во соопштението на компанијата.

K-Max користи систем спротивно на ротирачки ротори кој е дизајниран да може да подигне и да носи 2.722 кг товар, со помош на системот на кабел и кука.

Предноста на овој хеликоптер е што може да се користи во сите временски услови и опасни опкружувања, а опасност за човекот не постои.