Научниците го откриле првиот геолошки доказ за систем на стари меѓусебно поврзани подземни езера на Марс.

Пет од езерата може да содржат минерали кои се клучни за постоење живот на планетата.

Една нова студија сега открива дека Марс во минатото имал систем за подземни води ширум планетата, што ги потврдува претходните теории.

– Стариот Марс беше воден свет, но како што климата на планетата се променила, оваа вода се повлекла под површината и формирала подземни води. Ние ја пронајдовме оваа вода во нашата студија и го пронајдовме првиот геолошки доказ за систем на подземни води на Марс, рече Франческо Салезе од европската вселенска агенција.

Според Џан Габриеле Ори од агенцијата, овие езера веројатно постоеле пред околу 3.5 милијарди години, објаснувајќи дека подземните езера најверојатно биле поврзани со океанот на Марс, за кој се верува дека постоел пред исто така пред 3 или 4 милијарди години.