Серверите на PlayStation синоќа доживеаја крах на светско ниво. При тоа, корисниците на PS4 И PS5 не можеа да се регистрираат со својот профил, а со тоа ниту „да покренат игри, аликации, ниту мрежни додатоци“, како што гласеше пораката што ја добиле гејмерите.

Последните податоци говорат дека проблемот е решен.

Некаде овој период од годината, и пред 10 години (во 2011 година), се случи голем прекин на мрежата на PlayStation. Тоа ги блокираше услугите цели 23 дена.

Причината за вчерашниот пад сѐ уште не се знае.