Samsung наводно ќе се откаже од својата платфморма Tizen во корист на Wear OS, когаGalaxy Watch 4 ќе биде покренат подоцна оваа година. Се чини дека најновите информации го потврдуваат претходниот извештај на инсајдерот Ice Universe, кој тоа го најави уште во февруари.

Според извештајот на корејските медиуми, Samsung се подготвува да лансира два носечки уреда (Galaxy Watch 4 и Galaxy Active 4), кои ќе ги покренува Wear OS. Би требало да се вратиме уште во 2014 година кога беше лансиран оригиналниот Gear Live за да пронајдеме носечки уред на Samsung, кој беше лансиран со платформата на Google. (Тогаш беше позната како Android Wear.)

„Поминаа седум години откако Google OS беше инсталиран на носечките производи“, се вели во извештајот. „Оваа промена се толкува како резултат на разбирањето за обезбедување содржини за паметните часовници за Samsung и Wear OS проширувањето за Google“.

FrontTron тврди дека новите паметни часовници на Samsung нема да содржат неинвазивен мониторинг на гликоза во крвта, за што известивме на почетокот на годината. Можно е дека на функцијата и е потребен понатамошен развој пред да биде претставена пред пошироката јавност.

Tizen платформата на Samsung еволуираше во одлична алтернатива на Wear OS на Google. Според денешниот извештај, Samsung и Google тесно соработуваат за да го воведат Wear OS на новите уреди на корејската компанија. Samsung наводно го сака Wear OS, затоа што е полесно да се развиваат апликации за него. Во меѓувреме, Google ова очигледно го гледа како можност да го обнови интересот за платформата.

Samsung наводно планира настан некаде во август, кога ќе ги претстави новите часовници опремени со Wear OS, заедно со Galaxy Z Fold 3, Flip 3 и Galaxy S21 FE телефоните .