Смартфоните со флексибилен дисплеј полека пристигнуваат до се поголем број корисници, а  Huawei планира да остане конкурентен, на тој начин што ќе понуди подостапни модели.

Новиот извештај на Digitimes укажува на барем три телефони на Huawei со флексибилен екран, кои можат да се очекуваат во текот на втората половина на 2021. година. Овие уреди ценовно се поставени под актуелната Mate X серија, што во голема мерка би ги направило попримамливи за корисниците.

Од новите преклопни уреди на Huawei, како и од Samsung Z Fold3 и Z Flip2 моделите, се очекува да ја засилат глобалната испорака на флексибилни телефони на седум милиони проимероци во текот на оваа година. Само за споредба, минатата година вкупно беа испорачани 2,8 милиони вакви уреди, според податоците со кои располага Digitimes.