Realme објави дека серијата Realme Q3 на компанијата ќе пристигне во текот на април,  сега го имаме и официјалниот датум. Серијата ќе биде претставена на 22 април, а Realme ова го потврди на социјалната мрежа Weibo.

Еден од телефоните кои се очекуваат во текот на презентацијата е Realme Q3 Pro. Уредот претходно се појави на TENAA и Geekbench листинзите со Dimensity 1100 чипсет. Исто така, знаеме и дека линијата ќе ја краси флуоресцентна опција на боја која ќе свети во темнина.

Realme Q3 Pro се очекува со 6,43 инчен AMOLED дисплеј и 4500mAh батерија. Главната камера ќе има сензор од 64MP, а нема да има перископ и други необични сензори.

Задниот дел од телефонот ќе биде интересен. Xianghai Sire, директор за индустриски дизајн во Realme, истакна дека Realme Q3 Pro ќе може да свети како фенерче. Телефонот ќе ја апсорбира сончевата светлина во текот на денот и во текот на ноќта ќе свети како и било која друга флуоресцентна површина.