Иако многумина ги оспоруваат, климатските промени се реални, а нивните ефекти од 1984. година ги прикажува и Google Earth.

Google Earth во timelapse видео прикажува како се менувала планетата од 1984 година, а покрај тоа нуди и корисни информации за резултатите од климатските промени, како што е повлекување на глечерот Колумбија за 20 километри, кој најбрзо се менува од сите глечери на планетата. Исто така, Амазонската прашума се претвора во села и фарми.

Можно е да се изберат пет предложени категории на timelapse, а тоа се шумите што се менуваат, кревката убавина, извори на енергија, планетата која се загрева и урбана експанзија. Google Earth прикажува и нуди информации за тоа како убавата природа се менува како резултат на влијанието на човекот и климатските промени.

Најголемите еколошки промени во историјата се забележани во последните 50 години.