Fitbit е во завршна фаза на подготовка на нов уред, прв откако го купи Google. Судејќи според се, тоа нема да биде Wear OS паметен часовник, но се чини дека компанијата се враќа на своите корени. Неофицијалните информации што ротекоа во јавноста го споменуваат Fitbit Luxe, луксузна верзија на фитнес тракерот. Овој тракер, според овие извештаи е изработен од челично куќиште со OLED екран и заменливи нараквици. Fitbit планира овој уред да донесе баланс помеѓу елегантниот дизајн и фитнес опциите.
Во извештајот се наведува дека Luxe би можел да има вграден GPS, монитор за отчукување на срцето и да биде отпорен на вода, што би значело дека и можат да го користат и пливачите. Засега нема информации кога Fitbit би можел официјално да го претстави Luxe, но има индиции дека тоа може да биде наскоро.
Најголемиот предизвик за компанијата може да биде цената на уредот. Fitbit со овој уред очигледно планира да го таргетира премиум пазарот, но во исто време треба да се бори со голем број конкурентни ефтини фитнес тракери, кои се сосема употребливи за повеќето корисници. Исто така, во светло на интеграцијата со Google, ова би можело да биде еден од последните, ако не и последниот Fitbit уред, кој нема да биде заснован на Wear OS.
Поврзани артикли